Медицинскиот факултет распиша 104 специјализации

Од:

Медицинскиот факултет во Скопје на 11 јануари распиша јавен оглас за пријавувавање кандидати за специјализации и супспецијализации за 2018 година. Според објавата на веб-страницата на Маедицинскиот факултет, станува збор за 104 приватни специјализации и 8 супспецијализации. Во вкупната бројка има предвидено специјализации за четворица абдоминални хирурзи, исто толкав број анестезиолози и гинеколози, 5 интернисти, тројца кардиолози, инфектолози и трауматолози, шест нефролози… Конкурсот за пријавување кандидати за специјалзанти е објавен пред да бидат донесени измените на Законот за здравствена заштита, кои се подготвуваат подолг временски период. Од Здружението на лекари-специјализанти не беа достапни за коментар.

Новиот министер за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција пред новинарите рече дека Владата првпат предвидела средства за вработување на 348 приватни специјализанти. Младите лекари кои се на специјализација треба да добиваат плата во висина на минималната плата гарантирана за општ лекар. Филипче на прес-конференцијата рече дека работат активно со Медицинскиот факултет и Лекарската комора за изнаоѓање соодветен начин за распишување специјализации за одредени медицински гранки врз основа на потребите на стручните здруженија и клиниките.

Најголемиот оглас за специјализации и супспецијализации во 2015 година го објави ексминистерот за здравство Никола Тодоров од вкупно 308 специјализации и 75 субспецијализации. Во 2016 година, Министерството за здравство распиша нов оглас за 100 кофинансирани специјализации за невработени и доктори кои не работат во јавни здравствени установи. Лекарите специјализанти во 2016 година првпат излегоа на протест пред Министерството за здравство, меѓу другото незадоволни и од нерешениот статус за време на спеецијализацијата. Специјализантите во текот на својата специјализација не добиваа плата, немаа статус на вработени лица, беа без здравствено и пензиско осигурување.

Надоместокот за спроведување на теоретската настава и практичната обука и за полагање на испит за специјализации, односно супспецијализации e од 9.600 евра за четири години до 13.600 евра за шест години во хируршките гранки односно од 3.300 евра за три години до 11.200 евра за шест години во нехируршките гранки. Овие суми важат само за македонски државјани. За странски државјани изнесуваат 16.000 евра во сите гранки и за сите периоди.

В. М.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство