Медицински отпад на хируршките клиники расфрлан и растурен, најавени соодветни казни

Од:

Државниот инспектор за животна средина по дојава на службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во петокот изршил увид на локацијата на која одделно се складира медицински опасен отпад и неопасен отпад што се создава во хируршките клиники.

Од ДЗСИ наведуваат дека било утврдено несоодветно третирање на медицинскиот отпад во картонска амбалажа што е спротивно на Законот.

„Медицинскиот отпад, ставен во картонски кутии, спротивно на законот, беше складиран во депо за картонска амбалажа. Опасниот медицински отпад мора да биде селектиран, спакуван во жолти кутии или вреќи и потоа да се складира во посебен контејнер и да се транспортира со посебно возило до Дрисла. При подигањето на картонската амбалажа од страна на компанија што собира медицински отпад, кутиите со медицински отпад беа фрлени на земја и растурени“, велат од Државниот инспектор за животна средина.

Инспекторот ги задолжи службите да го исчистат местото и да го отстранат медицинскиот отпад на прописен начин. Имајќи предвид дека на оваа локација медицински отпад фрлаат сите хируршки клиники, Државниот инспекторат до нив ќе достави опомена.

Истовремено, примерок од медицинскиот отпад ќе се достави до судска медицина за вештачење и откривање на клиниката од која потекнува отпадот, а ќе следи и соодветната законски утврдена казна.

Би можело да ве интересира

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Стојковски: Речиси секаде се направени контроли за загадување, нема отстапки во однос на зададените параметри

Ана Ололовска

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација

Ана Ололовска

Стојковски: ДИЖС учествувал во издавањето дозвола за одложување опасен отпад на „Дрисла“

Ана Ололовска

Петровска: Зголемен обемот на надзори, поведени 43 прекршочни постапки, изречени се 36 санкции

Катерина Ѓуровски

Изречена казна од 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар кај Градско

Ана Ололовска