Медарски: Не може да се суди за шпионажа кога не е наведена странска држава за која се шпиунирало

Од:

По денешната јавна расправа одржана од судскиот совет за оцена на обвинителниот акт во кој петмина осомничени се товарат за шпионажа, пуч и противправно прослушување, адвокатот, Филип Медарски, изјави дека една од аномалиите на обвинението е тоа што не е наведена странската служба за која се вршело прислушувањето, а со тоа шпионажата.

– Во обвинението не е прецизирано за која странска држава се прибирани тие податоци. Ова е една од тие аномалии на обвинението кои ги истакнавме. Вака поднесеното обвионение за шпионажа не може да опстои, судот не може да постапува по вака поднесено обвинение за шпионажа – изјави тој.

Јавната расправа траеше речиси пет часа и свои излагање дадоа адвокатите на одбраната, јавниот обвинител кој го води предметот, како и првосомничениот, Зоран Верушевски. Медарски рече дека очекува судот по разгледувањето на аргументацијата на одбраната да ги отфрли обвиненијата како неосновани.

– Главните пропусти се тоа што описот на кривичните дела дадени во обвинението не одговараат на законсските битија на кривичните дела како што е тоа пропишано со кривичниот законик – рече тој.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов