МД „Илинден” е против промената на името

Од:

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и огранок за Голо Брдо, преку соопштение, најостро се спротивставува на потпишување договор со Грција за промена на името на Република Македонија и идентитетот на македонската нација.

– Секоја промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација ќе го загрози идентитетот на Македонците во целиот свет, во соседните земји на Република Македонија и во Република Албанија. За жал, преговорите јасно покажаа дека Грција бара промена на македонскиот идентитет. Впрочем, власта и во Грција и во Бугарија недвосмислено кажаа дека Македонија може да влезе во Европската Унија, но не и „македонизмот“, стои во соопштението.

Токму затоа, се наведува понатаму, изразувајќи ја волјата на Македонците што живеат во Албанија, Друштвото отфрла било какви договори за името на Македонија, како матична држава на македонскиот народ, затоа што името на државата е идентитетот на нацијата, а името на националноста по автоматизам се определува од името на државата.

– Македонците во соседните држави на Република Македонија, го бранат своето права на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права, се нагласува во соопштението.

Бараме, се посочува во соопштението, од името на сите Македонци кои живеат во Албанија а не има над 120 илјади, да не се потпишува договорот со Грција за промена на името на државата и иденитетот на нацијата.

– Нашето име е Република Македонија и Македонци со векови и тоа бараме да се почитува, посочуваат од Македонско друштво „Илинден”.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево