Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

Од:

Постапувајќи по кривичната пријава, поднесена од МВР, обвинител од ОЈО – ГОКК донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело „тероризам“, информираат денеска од Јавното обвинителство, додавајќи дека предложен е и притвор.

– Осомничениот на 16. овој месец во раните утрински часови, преку телефонската линија за итни случаи 192, со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром – Скопје, на летот Скопје – Анталија. Веднаш по приемот на заканата, од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, активирани биле протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка, утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај, потенцираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, како што додаваат, достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот, образложувајќи ги околностите што го оправдуваат предлогот и упатуваат на тоа дека во конкретниот случај, целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство на осомничениот.

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Сузбиена група поврзана со ИСИС, петмина уапсени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Расправија па тепачка меѓу тетовец и кумановец, МВР објави детали за инцидентот на скопскиот аеродром