Маж од Арачиново бил ранет пред семејната куќа

Од:

Синоќа во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од скопското село Арачиново со повреди од огнено оружје во десната нога.

Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека околу 20 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него.

На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Четворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

Пукање среде Башчаршија, полицијата блокираше сè

Полицаец на семејна прослава пукаше со пиштол

Горан Наумовски

Пукал со калашников во автобус полн со патници

А1он

Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија