Маврово и Крушево под снег, најстудено во Берово – минус пет степени

Од:

Снежна покривка од шест сантиметри е формирана изутринава во Маврово, а во Крушево и Лазарополе четири односно три сантимери. Најниска температута од -5 степени, пак, е измерена во Берово.

УХМР за денеска најавува променливо облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег особено во јужните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

И утре ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на некои повисоки места. Во понеделик во текот на денот ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

Би можело да ве интересира

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Крушево се сеќава – 19 години без Тоше

А1он

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

ВИДЕО: Македонија не е ловечки парк за богати девијантни странци, Анима Мунди бара итна истрага и реакции

Катерина Ѓуровски

Националниот парк Маврово заглавен во правна неизвесност: потребна е итна интервенција од Министерството и Владата