Матурантите следната недела привремено ќе го прекинат бојкотот на наставата

Од:

Сојузот на средношколци попладнево соопшти дека од 6 до 12 февруари привремено ќе го прекине бојкотот на наставата.

– По нашите средби со пратениците во Собранието, Сојузот на средношколци е сигурен дека ја ужива поддршката на повеќе од 70 пратеници во законодавниот дом. Во тој поглед, Генералното собрание на Сојузот одлучи привремено да прекине со бојкотирањето на наставата – од 6 до 12 февруари 2021 година – ова значи дека во петок (5 февруари) ќе се бојкотира, стои во соопштението.

Од Сојузот на средношколци појаснуваат дека нивниот бојкот е последица на немањето слух за нивните проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози.

– Истото нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на годинашната државна матура. Ни требаат и квалитетна настава и изменета дражавна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања, велат од Сојузот на средношколци.

Средношколците ја бојкотираа наставата барајќи да се скрати бројот на предмети за полагање на државна матура од четири, на два.

Министерката за образование и наука Мила Царовска порача дека нема друга опција освен да ја спроведе државната матура, за која вели дека сите ученици што сакаат да полагаат, ги пријавиле предметите во рок и нема право да им го ускрати тоа право. Таа посочува дека сега сите рокови се одминати за да се прави нов концепт за матура, што е во план да се подготвува за наредната година.

Би можело да ве интересира

Казанџиска: Училиштата се подготвуваат за новиот начин на полагање на државна матура

За да нема препишување и споделување одговори, државна матура ќе се полага во спортски сали и холови

Катерина Ѓуровски

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска