Матурантите од Куманово танцуваа квадрил на градскиот плоштад

Од:

Точно напладне околу 300 матуранти од Куманово истовремено танцуваа со своите врсници од десетина градови од Македонија, од Централна и Југоисточна Европа.

На матурантите им се обрати претседателот на Совет на Општина Куманово, Атина Мургашанска, која им порача дека матурата е круна на нивниот средношколски живот.

– Општина Куманово заедно со училиштата по 12-ти пат организира матурски танц и се поврзуваме со младите од повеќе европски градови. Со танцот вие заедно со младите од Европа, креирате нов начин на обединување и одбележување на крајот на училишните денови, рече Мургашанска.

Матурантите играа, а сограѓаните им посакаа успешно да зачекорат во светот на возрасните, посакувајќи им среќа во справувањето со идните предизивици на личен и професионален план.

Организатори на манифестацијата беа Општина Куманово, Советот на општината, Фондацијата за култура и спорт и Секоторот за образование.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе