Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја

Од:

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација. На рефренедумот ќе одлучите за вашата иднина, да се искористи можноста да се оди кон нова иднина и во тоа ја имате поддршката од САД, порача американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Го препознаваме комплексниот политички процес кој ви претстои и ве поддржуваме во остварувањето на вашиот демократски глас и одговорност да гласате, рече Матис.

Нагласи дека Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на опристапување во НАТО и ЕУ, ќе ги зајакне безбедноста и економнскиот развој на Македонија.

– Ви аплаудирам за вашите неуморни напори да го постигнете историскиот договор од Преспа со Грција. Знаеме дека тоа бараше трпелива дипломатија од двете страни и компромисите се секогаш тешки, рече Матис, искажувајќи благодарност до Заев и Шекеринска за нивниот ангажман во разрешувањето на како што наведе, „тешкиот спор за името“.

Потсети на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека со приклучувањето во НАТО, Македонија ќе добие еднакво место во најуспешната воена алијанса заедно со 29 други земји членки кои, како што наведе Матис, се обврзуваат да ве штитат вас и вашата безбедност“.

– Тоа носи зајакната безбност, како и зајакната економски развој, кажа американскиот секретар за одбрана и посочи на примерот на Црна Гора каде што странските иневстиции се удвоија по нејзиниот прием во НАТО.

Нагласи и дека Алијансата се залага и зачувување на територијалниот интегритет и зачувување на слободата и демократијата.

– Ние сме подготвени да ви поскаме добредојде како 30. членка на НАТО, порача секретарот за одбрана на САД.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска