Матичните лекари утре повторно на штрајк, ќе прегледуваат само итни случаи

Од:

Две недели по предупредувачкиот прекин на работата, матичните лекари утре повторно го активираат штрајкот. Ќе прегледуваат само пациенти кои се итни случаи и нема да работат преку системот „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватни лекари на Република Македонија, Лилија Чолакова – Дервишова, вели дека веќе ги повикала своите пациенти денес да си подигнат хронична терапија оти утре нема да дава рецепти.

„Трпеливо чекавме две недели, но ништо не се случи. Најавата дека министерот ќе формира работна група за решавање на проблемите кои ги имаме сама по себе не значи ништо. На решавање на проблемите не се работи, игнорантскиот однос продолжи. Управниот одбор на Здружението одлучи утре да го активираме штрајкот оти тоа ни е единствениот начин да извршиме притисок да почне да се зборува за нашите проблеми. Нема да прегледуваме пациенти освен итните случаи и нема да работиме преку системот ’Мој термин’’, вели претседателката Чолакова – Дервишова за „А1он“.

Барањата на матичните лекари се покачување на капитациониот бод на ветените 95 денари по пациент за да можат да се справат со сите покачени трошоци, бараат укинување на казните за пропишување лекови по истечен извештај од специјалист и менување на правилниците за работа, а на листата додадоа и да не се бара акредитација на амбулантите оти веќе биле акредитирани од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од Министерство за здравство, од Лекарска комора и од Фондот за здравство и да не се врши никаква активност за Агенцијата за заштита на лични податоци од каде им побарале по 15.000 денари за да ги обучат како да ги чуваат здравствените картони.

Управниот одбор на Здружението разгледувал повеќе начини за штрајк. Имало предлози ординациите да ги затворат на пет дена, но овој пат, одлучиле да ја прекинат работата само на еден ден, како и пред две недели, а за следите чекори дополнително ќе одлучуваат.

Би можело да ве интересира

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Израел: Судот нареди -веднаш престанете

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Матичните лекари се жалат на казните за пречекорување на издадени лекови