Матичните го прекинаа протестот, со министерот договорија проблемите да се решаваат во работни групи

Од:

Матичните лекари го прекинаа протестот, со министерот за здравство Беким Сали договорија проблемите да се решаваат во работни групи.

Претседателката на Лекарска комора Калина Гривчева Старделова заедно со претседателката на ЗПЛРМ, Лилија Чолакова Дервишова, денес остварија средба со министерот Сали и заменик-министерот Владимир Рендевски на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат матичните лекари од примарното здравство.

„Претставниците на матичните лекари, Комората и Министерството дискутираа за потребата неодложно да се идентификуваат и спроведат решенија кои ќе ја зајакнат примарната здравствена заштита, како еден од основните столбови на здравствениот систем во нашата земја со цел да се подигне квалитетот на здравствена заштита и воедно овој сектор да стане поатрактивен за младите доктори.

Лекарската комора препознавајќи ја важноста на улогата на матичниот доктор во континуитет се залага за унапредување на неговата улога и создавање на подобра околина за негово делување. Во изминатите години на иницијатива и во организација на Комората одржани се низа состаноци со Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување на кои се истакнати видувањата на докторите околу тоа што е неопходно да се направи во примарното здравство.

Претседателот на Лекарска комора на денешниот состанок даде поддршка на барањата на колегите од примарната здравствена заштита, бидејќи сериозноста на ситуацијата е голема и потребно е брзо изнаоѓање на решение прифатливо за сите засегнати страни“, информираат од Лекарската комора.

Би можело да ве интересира

Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително

Мицевски: Формално правно Беким Сали се уште е министер, СДСМ не може да му каже да потпише плати

Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче, побарав одговорност од Сали

Орце Костов

Беким Сали за болните од цистична фиброза: Министерството не ги купува лековите

Орце Костов

Над 150 медицински работници се пријавиле за помош во Турција

Катерина Павлова-Николовска

Сали за отстапување на Министерството на Алијанса: Тоа се шпекулации, се повторуваат пет месеци

Маја Илиевска-Пачемска