Матевски: Менувањето само на името, а не и на идентитетот не е предавство

Од:

ЕУ и ОН се свесни дека работата во однос на спорот за името со Грција е дојдена до ќорсокак кој мора да се разреши. Но секоја интервенција во името не ќе се може да се прифати ако тоа задира во идентитетот и основните права на македонскиот народ, изјави за А1 Матеја Матевски поет и член на МАНУ.

„Дали ќе се вика Република или ќе има некоја друга додавка како што е Народна, Демократска, Северна или Горна тоа е некое друго прашање. Која и да било влада да дојде мора да се држи до тоа дека се работи за Македонија, македонски народ, македонски јазик. Дали тоа ќе биде Горна, Северна, Нова, Демократска Македонија тоа е работа на владите и не би можеле да бидат прогласени за предавници штом основното, а тоа е идентитетот не е оспорен“, вели Матевски.

Матевски вели дека разговорите мора да ги прецизираат сите тие работи, бидејки сме сведоци дека постојано се бара нешто друго. Не може да се прифати дека Македонците не се Македонци, а јазикот не е македонски

„Не може да не наречат Горно Македонци или Северно Македонци.

Значи името може да биде Горна или Народна Македонија, но јазикот и народот мора да бидат македонски?

Ако така продолжи и се реализира дијалогот и тоа му се објасни на народот , тогаш може да има решение. Според мене Република Македонија(Скопје) не беше и не е лошо решение. Со тоа ништо не би изгубила Македонија.

А дали со Горна или Северна Македонија би изгубиле?

„Се е тоа слично“, вели Матевски.

„Улогата на Обединетите нации и Европската Унија, не беше коректна према Македонија , бидејки при распадот на Југославија Бадентеровата комисија која беше составена од уставнии судии на шест европски држави, констатира дека единствено во тој момент Словенија и Македонија ги исполнуваат условите да бидат признати и бидат дел од ЕУ. Но под притисок на Грција и некои нивни подржувачи не се призна Македонија што е еден историски апсурд и историска неправда.За да поради некои мотиви и интереси ни речат согласете се со Грција, па Грција ако се согласи ќе ве примиме, што е апсурд. Спорот за името со Грција е вештачки наметнат проблем кој нема никаква логика. Тој е апсурден,антиисториски, антикултурен и антихуман“, додава Матевски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски