Масовно труење во Виница: За една вечер 120 лица побарале итна медицинска помош

Од:

Дури 120 лица вчера во текот на ноќта побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница откако почуствувале симптоми на труење со храна проследени со висока температура и стомачни тегоби неколку часа откако конзумирале храна и пијалоци во некои од локалните угостителски објекти.

Од минатиот викенд до денеска во Виница се случува масовно труење на жителите. За седум дена затруени се повеќе од 170 лица, а надлежните институции Центарот за јавно здравјe и Агенцијата за храна и ветеринарство како воопшто и да не постојат.

По минатонеделното труење екипи испрати само Државниот санитарен и здравствен инспекторат од каде што потврдија дека затвориле една сендвичарница. Што воопшто сработија екипите на Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветерина кога една недела подоцна има ново труењето од други угостителски објекти со двојно поголема бројка на затруени граѓани.

Граѓаните бараат одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство дали некој врши контрола на тоа каква храна и пијалоци се пуштаат во продажба во угостителските објекти како во Виница така и низ целата држава.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мајка од Србија ја труела својата ќерка со седативи, здравјето на девојчето е тешко нарушено

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во куќа во Романија

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Фабриката „Магна“ во Алексинац која затру 162 работници нема да работи до понеделник

А1он