Масовни турканици по пазарите и маркетите пред најдолгиот полициски час

Од:

Скопскиот „Зелен пазар“ денеска е масовно посетен и се пазари во безредие со големи групи на луѓе кои не оддржуваат растојание а дел од нив не носат ниту заштитни маски.

Посетеноста е голема и во маркетите и месарниците и не се забележува никаков страв ниту паника кај луѓето, туку расположени ги користат последните часови пред четиридневниот карантин за да испазарат во пресрет на празникот Велигден.

Пред „Зелениот пазар“ нема никакво обезбедување ниту пак полициско присуство а пазарџиите го гледаат есапот и се разбира профитот што денеска нагласено ќе го остварат пред велигденските празници. Што се однесува до цените, нема значително покачување на продуктите. Повиска цена достигнува само овошјето од увоз.

Месарниците и маркетите се исто така преполни и се чекаат долги редици за да се обезбеди потребното. Зачудувачки се турканиците и блиските физички контакти на луѓето, особено оние од повозрасната популација кои не носат заштитни маски. Раздвиженоста е голема и по улиците и булеварите а неретко се шетаат заедно и поголеми групи на граѓани.

Иако, постојано се апелира сите да се придржуваме до мерките што подразбираат физичка дистанца од два метри, денеска Скопјани очигледно го користат убавото време и масовно пазаруваат за деновите што следуваат односно обезбедуваат намирници што им се потребни до вторник кога истекува најдолгиот полициски час.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on