Масни дамки и миризба во Вардар кај Велес

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Утринава рибочуварот на СРД „Бабуна“, Шефкет Маслак, бил во контрола по течението на реката Вардар каде што открил масни дамки и чудна миризба на поврзшината на водата, известува Канал 5. Дамките видел кај Крзната, на јужниот излез од Велес.

„Скроз до каналот на индустриската зона под јавното комунално претпријатие Дервен. Земав примероци во две шишиња и од Вардар, и од каналот таму. Ги чувам, а од кого е загадувањето, не знам“, вели Маслак.

„Засега немаме повратни информации околу сторителот на минатонеделното или загадувањеѕо од пред две недели, а верувам дека многу брзо ќе се случи. Еве и сега се земени мостри и верувам дека сторителот на ова недела ќе биде откриен“ рече Лазар Лазаревски, СРД „Бабуна“.

Општинскиот и државен инспектор за заштита на животна средина направија увиз и земаа примероци од Вардар како и од фирмата за која се сомневаат дека го сторила задавуањето.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор