Маслото од канабис по „изгор цени“ од понеделник во аптеките

Од:

Од понеделник со рецепт и со препорака од специјалист, ќе се продаваат два производи со масло од канабис во аптеките.

Тоа се два нови производи „Канобил Канц“ 300мг THC+ 300 мг CBD од 120 ml и „Канобил Канц“ 600мг THC+ 600 мг CBD од 240 ml.

Препаратите се строго наменети за лица со малигни заболувања и содржат контролирана концентрација од компонентите ТХЦ (тетрахидроканабинол) и & ЦБД (канабидиол ).

Малопродажната цена на „Канобил Канц“ 300мг THC+ 300 мг CBD од 120 ml ќе изнесува 5.544 денари, додека „Канобил Канц“ 600мг THC+ 600 мг CBD од 240 ml ќе чини 9.240 денари.

Според законските прописи, маслото од канабис ќе може да го препишуваат невролози, инфектолози, радиолози и онколози, со цел да се намали болката кај пациенти со епилепсија, ХИВ, со мултиплекс склероза и кај малигно болните.

Би можело да ве интересира

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

А1он

Истрага за илегално одгледување канабис во демирхисарско

Ана Ололовска