Маскиран прилепчанец од аптека украл 2.500 денари

Од:

Прилепчанец маскиран влегол во аптека и со заканувајќи и се со нож на аптекарката, успеал да земе 2.500 денари.

„Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен прилепчанец за кого постои основано сомнение дека извршил едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и дека се обидел да изврши уште едно исто такво кривично дело.

На 13 декември, со употреба на опасно орудие и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото, осомничениот одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Тој маскиран влегол во аптека на улицата „Васко Карангелевски“ во Прилеп, држејќи во раката кујнски нож и се заканил на вработената за да му ги даде парите од касата. Оштетената, исплашена за својот живот, извадила од касата 2.500 денари и му ги предала, а осомничениот веднаш го напуштил местото на настанот, бегајќи во непознат правец.

На 18 декември, пак, на сличен начин, осомничениот влегол во друга аптека на истата улица. Исто така на вработената и се заканил со нож со барање да му даде пари, но таа го повикала сопругот кој се наоѓал во друг дел од објектот. Кога видел дека сопругот на вработената се доближува, осомничениот избегал без да ја реализира намерата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он