А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мас: Скопје и Атина да продолжат со имплементација на историскиот договор

by А1он02/10/2018 - 08:37211
Share0

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Скопје и Атина, по неделниот референдум во Македонија, да продолжат со имплементација на „историскиот договор“.

Добивај вести на вибер

– Иако многумина би си посакале поголема излезност: се радувам што огромно мнозинство од оние, што го искористија своето демократско право, гласаа за договорот со Грција. Тие сакаат нивната земја да го продолжи својот пат во правец кон ЕУ и НАТО и да се реши спорот, кој 27 години стоеше меѓу Македонците и Грците, вели Мас во пишаната изјава што до медиумите ја дистрибуира Амбасадата на Германија во Скопје.

Добро е, вели шефот на германската дипломатија, што по консултативниот референдум сега за договорот ќе се расправа во македонскиот Парламент.

– Ги повикувам сите политички сили во Скопје и во Атина, да ги искористат шансите на историскиот договор и да го спроведат договорот. Тој ги засилува добрососедските врски меѓу двете држави и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. Исто така тој отстранува важна пречка за приближувањето на Скопје кон ЕУ и НАТО, истакнува Хајко Мас.

imetoreferendum

Би можело да ве интересира

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Горан Наумовски23/08/2025 - 08:01

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Горан Наумовски04/07/2025 - 21:19

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Горан Наумовски30/09/2023 - 15:16

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов10/10/2022 - 13:2510/10/2022 - 13:32

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска13/09/2022 - 18:3314/09/2022 - 08:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен