А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мас: Германија и натаму ќе и ја поддржува Македонија

by А1он29/06/2018 - 13:27121
Share0

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија и побара од двете земји тоа да го сфатат како поттик.

Добивај вести на вибер

– Европската Унија оваа недела донесе важна одлука: од 2019 година може да започнат преговорите за приклучување со поранешната југословенска Република Македонија и Албанија. Многу се залагавме за овој силен насочувачки сигнал, со кој им се оддава признание на реформските напори од последните години. Преговарачкиот процес во Брисел не беше секогаш лесен, но нѐ радува што на крајот беше можен компромис на сите 28 земји членки на ЕУ. Апелирам до сите политичари во Скопје и во Тирана овој успех да го сфатат како поттик за ангажирано продолжување на реформите. Германија во тоа и натаму целосно ќе ги поддржува, вели Мас во изјава за Дојче веле.

Германскиот министер за надворешни работи и на средбата што ја имаше во средината на овој месец со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, вети дека Германија ќе лобира активно во Франција, Холандија и други земји на ЕУ за Македонија да добие датум за почеток на преговори.

– Ние на македонското население треба да му испратиме важен сигнал дека се исплати да се следи европската перпсектива, рече Мас во Берлин по средбата со Димитров.

eugermanija

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 09:57

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто