Мартин Протоѓер се разболе – не дојде на судењето за „Титаник“

Од:

Мартин Протоѓер не дојде на денешното рочиште за предметот „Титаник”. Неговиот адвокат Донче Наков вчера до судот доставил поднесок со медицинска документација дека е спречен 7 дена да дојде на судење.

Адвокатот рече дека од сопругата на Протоѓер дознал дека вчера бил рано наутро пренесен на ургентниот клинички центар. Обвинителката Лиле Стефанова рече дека не е против одлагањето бидејќи е доставена уредна документација. Следното рочиште е закажано за 24 септември кога треба да се преслушаат останатите бомби.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“