Маркоска: Радикалните ставови на Палевски беа алатка на ДПМНЕ, треба да се истражат односите со Мицкоски

Од:

Изјавите на Христијан Мицкоски и настапите на неговата ДПМНЕ добиваат опасна димензија. Нивната изопачена потреба да го злоупотребуваат случајот со смртта на Вања ја покажува нивната нечовечност. Трет ден нема одговор на прашањето за средбата на Мицкоски со Палески вели пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска.

– Што се разговарало на таа средба? Што се договарало? Зошто се молчи? Мицкоски терба да излезе пред граѓаните и да одговори. Обидите за маниупалација, поткопување на истрагата и ширење паника кај граѓаните отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски. Особено што јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палески беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити. Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица. Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог. Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО. Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ на дестурктивните политики на ДПМНЕ во изминативе две децении, рече Маркоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација