Марин: Ќе воведеме сектор за екологија и животна средина за да се подобри квалитетот на воздухот

Од:

„Почна да се чувствува загаденоста на воздухот. Новата локална власт во Аеродром ќе инвестира во здравјето на граѓаните.

Во следните 4 години ќе засадиме едно дрво за секој жител во општина Аеродром и по едно дрво за секој нов стан.

Во Лисиче кое високо котира на мерните станици по загаденост предвидов плантажа со дрвото „Paulownia tomentosa”, чија апсорпсирачка моќ на тешки метали и јаглерод диоксид е 10 пати поголема од просечното дрво.

Дрвото „Paulownia tomentosa” годишно апсорбира 22kg јаглерод диоксид, а ослободува 6kg кислород односно прочистува илјадници кубика воздух. Дрвото се сади еднаш, а после неговото сечење само се регенерира и расте уште побрзо. Стеблото се користи за добивање дрвна маса и биомаса. Гранките се користат за производство на биогориво и пелети. Од едно дрво за 4 години се добива 1 кубик дрво.

Во училиштата, градинките и фреквентните сообраќајници ќе поставиме Еко билборди со моќ на неутрализација од 220 тони јаглерод диоксид годишно. Односно еден билборд заменува 275 дрвја.

Градинките и основните училишта ќе ги направиме еко-објекти и на нив ќе поставиме соларни панели.

Во општината ќе воведеме сектор за екологија и животна средина. Ќе поставиме мерни станици и информативни табли на најфреквентните места во општината. Ќе изработиме регистар на загадувачи. Ќе ја контролираме употребата на алтернативните горива во индустриските објекти на територијата на Општина Аеродром. Ќе го одржуваме зеленилото, ќе поставиме енергетско ефикасни фасади на зградите но и ќе поставиме термални камери за енергетска ефикасност.

И многу важно, ќе го стопираме неконтролираното градење. Ќе направиме ревизија на постоечките ДУП-ови, а притоа строго ќе ги почитуваме еколошките стандарди.

Овие мерки ќе го подобрат квалитетот на воздухот. Инвестирањето во зеленило е инвестирање во здравје, инвестирање во иднина. Да го направиме тоа заедно“ се вели во соопштението на Златко Марин, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите