Маричиќ за скринингот: Бугарија нема посебни барања, но ќе ја консултираме за акцискиот план за малцинства

Од:

Бугарија нема посебни барања во текот на билатералниот скрининг, но Македонија како кандидат за членство ќе мора да ја консултира во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства.

Ова го најави вицепремиерот за европски прашања и преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.

– Бугарија нема истакнато никакво посебно барање во текот на билатералниот скриниг. А ние во текот на креирањето на акцикскиот план за малцинства тој секако ќе биде консултиран со државите-членки на Европската унија бидејќи ќе треба како комплет документи да отидат на усвојување во Советот на ЕУ – рече Маричиќ.

Скринингот е во напредна фаза, а од следната недела ќе почнат билатералрни состаноци за три поглавја: право на трговски друштва, право на основање и слобода на давање на услуги и право на интелектуална сопственост кои се дел од кластерот внатрешен пазар.

– Оценките ќе ги добиеме во скрининг извештаите кои ќе ги изработи ЕУ и ќе бараме да ни ги достават до почетокот на пролетта бидејќи тоа ќе ни помогне во подготовка на клучните три документи за членство ЕУ: патоказот за владеење на правото, патоказот за реформа во јавната администравција и патоказ за функциониерање на демократски институции кои се услови за отворање на првиоот кластер.
Дополнително во рамки на патоказот за владење на правото ќе треба да се направат и акциски планови за заштита на правата на малцинствата и заедниците со конкретни мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и право на образование. Овие мерки не се ексклузивни само за нас – додаде Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

Маричиќ за изјавата на Габриел: Освен внесувањето на Бугарите во Уставот, други услови нема

Орце Костов

Маричиќ и Османи од Брисел: Позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти

Орце Костов