Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Од:

Денеска во Брисел заврши дводневниот билатерален скрининг состанок за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права“, кој покажа дека имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање.

– Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ. Членството во Европска Унија е наша стратешка цел, а сите обврски кои треба да ги исполниме за да успееме во тоа, ги преземаме заради обезбедување на граѓаните ефикасни институции кои ќе работат врз европските стандарди и принципи, рече вицепремиерот Маричиќ.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, истакна во Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права“ бара темелен пристап и дека нè чека уште многу работа, но дека политичка волја и заложба има за спроведување на реформите со видливи резултати.

– Политичка волја имаме и спремни сме за забрзано реформирање, со конкретен план и задачи за секоја институција. Усогласеноста е на добро ниво, сега мораме да се фокусираме на активностите кои ќе дадат мерливи резултати, кои имаат директно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, посочи Маричиќ.

Според него процесот на проширување ќе биде движечка сила за реформите, за демократијата, слободата на медиумите, граѓанските слободи и владеењето на правото и сите институции треба максимално да се посветат.

Главниот преговарач е убеден дека може да се исполнат задачите кои Европската комисија ги бара во оваа област и најави дека следува период во кој ќе се работи на планирање на реформите и подготвување на Патоказот, кои треба во пракса да дадат брзи резултати.

Во овие два дена македонскиот преговарачки тим презентираше на три теми: Антикорупција и фундаментални права, со акцент на антикорупциската политика и законодавството во однос на справување и борбата со корупцијата, административните капацитети и инструменти, евиденција, степенот на усогласеност и судство, низ дваесет и четири презентации.

Билатералните скрининг состаноци за Кластер 1, „Фундаментални вредности“ продолжуваат следната недела. Во понеделник ќе се одржи билатерален скрининг за областа „Економски критериуми“, во вторник за областа „Реформа на јавната администрација“ и Поглавје 32 „Финансиска контрола“, а со среда ќе се одржи билатералниот скрининг состанок за областа „Функционирање на демократските институции“. Билатералните скрининзи за трите области Економски критериуми, Реформа на јавната администрација и Функционирање на демократските институции се одржуваат за прв пат согласно новата Методологија.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

Орце Костов

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

Маричиќ за изјавата на Габриел: Освен внесувањето на Бугарите во Уставот, други услови нема

Орце Костов