Маричиќ: Воведуваме ново кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска најави дека се работи на воведување ново кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“ во Кривичниот законик.

-Сакам да ја информирам јавноста дека во рамките на Работната група на Министерството за правда за изготвување нов Кривичниот законик вградуваме ново кривично „Безобзирно управување со моторно возило“ за што се пропишува затворска казна и до 3 години, а доколку има смртни последици казната најмалку 4 години затвор, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на ублажувањето на казните и условна осуда за тешки дела во сообраќајот, како што посочи министерот за правда, ќе иницира дебата во рамките на Работна група и тоа во однос подобрување на законските решенија и елиминирање на можните злоупотреби во ова насока, како и анализа на примената на постојните одредби од страна на судовите и Јавното обвинителство, секако во однос на кривичните дела поврзани со загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Маричиќ додаде дека на истиот состанок ќе бидат поканети и претставници на Врховниот суд, Јавното обвинителство и Судскиот совет.

Маичиќ синоќа на својот Фејсбук напиша дека како министер за правда, но пред се како човек и родител не може да биде рамнодушен по одлуката на судот, кој пресуди условна казна за сообраќајката во Охрид по која две момчиња починаа, а три девојки беа тешко повредени.

Очекувам, напиша Маричиќ, праведна одлука на повисоките судови, а Судскиот совет будно да го следи целиот случај.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

Орце Костов

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада