Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

Од:

Секретарот за меѓународна соработка и кандидат за пратеник на ИЕ1 Бојан Маричиќ се сретна со Ирина Кажиќ, млада активистка која верува во европската иднина на државата. На средбата разговараа за поддршката која СДСМ им ја дава на младите и потребите на младите во државата.

Маричиќ ја објасни програмата на СДСМ со која младите ќе добијат уште поголем пристап до вработување, европско образование, до обуки, до вештини, финансиска стабилност и мобилност.

Со обврска пред младите ветуваме дека ќе се зголеми економска независност на највиталниот дел на населението и ќе се гради европски образовен систем, Маричиќ изјави:

„Со буџет од повеќе од 6 милиони евра Еразмус плус е од огромно значење за македонските проекти во образованието. Со знаењето и вештините од европските образовни институции заедно да градиме европска позелена и дигитална иднина. “

Важна порака за младите е дека СДСМ во својата програма најавува и 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, а младинскиот додаток од 3000 ќе се зголеми на 5000 денари.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он