Реализацијата на кампањата „Ние сме Европа“ за промоција на европските вредности и придобивки од приклучувањето кон Европската Унија се реализира во повеќе градови низ државата. Почнувајќи со Скопје, Битола, Струмица, Прилеп и Штип, Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ последно го посети Штип, односно спомен собата на Киро Глигоров во мултимедијалниот центар во градот.
„Спомен собата на првиот македонски претседател почитуваниот Киро Глигоров претставува значајно културно богатство, политичко наследство, сведовштво и сеќавање на една од најважните личности од поновата историја на македонската држава“ истакна Маричиќ.
Изложените лични предмети изложени во спомен собата, некои од нив подарок од големите светски државници, сведочат за неговото богато политичко искуство. Спомен собата, сместена во мултимедијалниот центар што го носи името на Глигоров, претставува патоказ за денешните и идните генерации да можат да дојдат и од блиску да се запознаат со ликот и делото на нашиот прв претседател.“
Со поддршка и промоција на објекти од историско и едукативно значење идните генерации имаат можност да се запознаат со историските случувања во државата и регионот, а делото на почитуваниот претседател Глигоров да остане во вечно сеќавање за сите граѓани.
Објектот е реновиран и реализиран преку проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничнот регион-креатива“ финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Мултимедијалниот центар е локација од каде што произлегуваат културните настани во градот, а спомен собата на првиот македонски претседател претставува важен монумент за градот, за регионот и за сите граѓани на државата.
Посетата беше организирана заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и НЕ Мартин Памер амбасадорот на Република Австрија.