Маричиќ: Скринингот на ЕУ ќе заврши во декември и тука ќе застанеме бидејќи не поминаа уставните измени

Од:

Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на ова партија кои решија свесно, со политичка одлука, да ја блокираат својата држава во натамошниот тек на преговорите, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој оцени дека засега нема изгледи да се донесат уставните измени, но владејачката коалиција не се откажува и ќе продолжи до последниот ден од мандатот на овој собраниски состав да разговара и да ги убедува колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат државата и на дело да покажат дека навистина се за ЕУ.

Според Маричиќ, од декемврискиот Самит на ЕУ се очекуваат охрабрувачки пораки, но не и, како што истакна, нешто спротивно од напишаното во Преговарачката рамка и во она што на земјава и е зададено како обврска уште минатата година.

-Треба да го пречекаме декемврискиот самит. Ние очекуваме да има охрабрувачки пораки, но секако, не можеме да очекуваме да се случи нешто спротивно од она што е напишано во Преговарачката рамка и во она што ни е зададено како обврска уште минатата година. Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Скринингот ќе заврши во првата недела од декември, ние ги подготвуваме и ќе ги испратиме оние патокази што ни се обврска од крајот на скрингот во Првиот кластер и тука ќе застанеме доколку не се завршат уставните измени, а бидејќи во моментот тоа нема изгледи да се счлучи, треба да очекуваме застанување. Но, ние не се откажуваме од тоа до последниот ден на мандатот од овој собраниски состав, да разговараме и да ги убедуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат сопствената држава, да не влезат во еден вртлог, во еден тунел во кој веќе еднаш не внесоа во 2008 година и да соберат сила заедно да го направиле овој потег и одговорноста ќе биде заедничка, но и поените за да докажат на дело дека навистина се за ЕУ ќе бидат заеднички, изјави Маричиќ, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ