Маричиќ се сретна со нападнатата новинарка Смилевска, најави посилна законска заштита за „седмата сила“

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со новинарката на „Ал Џазира“, Милка Смилевска која беше нападната на минатонеделниот протест против поскапувањето на струјата, организиран од ВМРО-ДПМНЕ. На Смилевска тогаш учесник на протестот ѝ го турна микрофонот на земја, по што не сакаше да се легитимира пред полицаец кого новинарката го повика да интервенира.

Министерот Маричиќ изрази жалење за овој настан и потенцираше дека токму ваквите напади врз новинарите ја загрозуваат слободата на известување на медиумите и дека тие воопшто не се добри во едно демократско општество, но и дека негативно се одразуваат на имиџот на државатa.

Министерот истакна дека очекува институциите да постапат по овој случај со што ќе испратат и порака вакви напади да не се повторуваат во иднина врз други новинари и медиумски работници.

Во таа насока, министерот најави дека ќе направи максимални напори преку законски измени во Кривичниот законик да ја зголеми заштитата на новинарските екипи, во однос на одредбите кои се однесуваат на спречување или напад на новинар во вршењето на професионалната дејност. Министерот Маричиќ најави и дијалог со синдикатите на новинари и медиуми по однос на ова прашање.

Во соопштението од Министерството за правда не е пренесен ниту збор за тоа што кажала новинарката Смилевска на средбата со министерот.

Би можело да ве интересира

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата