Маричиќ: Патувањето што денес заеднички го започнуваме со Република Албанија нема да биде лесно

Од:

Република Северна Македонија попладнево во Брисел го започна билатералниот скрининг процес. На денешниот состанок вицепремиерот Маричиќ истакна дека 21 година по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години како земја-кандидат за ЕУ, со денешниот состанок за отпочнување со скрининг процесот конечно влегуваме во последната фаза од нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ.

„Како вицепремиер за европски прашања заедно со мојата институција, Секретаријатот за европски прашања, како главно координативно тело за преговарачкиот процес во Северна Македонија, ќе ги насочиме нашите напори во обезбедување непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти преку мобилизација на администрацијата бидејќи таа се смета за столб на овој процес. Во наредните недели ќе ја финализираме ревизијата на актите за преговарачката структура од 2019 година и ќе ја операционализираме.

Почетокот на скринингот, патувањето што денес заеднички го започнуваме со Република Албанија нема да биде лесно.

Пристапниот процес бара целосен ангажман, но знаеме дека нема да бидеме сами на овој пат. Сметаме на поддршката од Комисијата и нејзините служби, како наши партнери кои ќе дадат насоки и совети во процесот а ние ќе ги направиме сите напори да обезбедиме непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти“, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска