Маричиќ-Матуела: Скринингот ќе ги забрза реформите, на долг рок тоа се бенефити за граѓаните

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, попладнево во Брисел, одржа работен состанок со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела и нејзиниот тим, кој ги следи нашите скрининг состаноци и напредокот на Северна Македонија.

На средбата теми на разговор беа почетокот на скринингот, актуелната политичка состојба во Северна Македонија, предизвиците кои ги носи зимата која доаѓа и заедничкото делување во таа насока, како и за следните активности и очекувања во рамки на билатералниот скрининг.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Унијата, Маричиќ, изрази задоволство од првите скрининг состаноци велејќи дека постои желба и посветеност од страна на администрацијата и институциите за успешно да се заврши процесот на преговори со Унијата.

Отворањето на преговорите е успех за сите. Сега сме во фаза кога целото општество треба да се посвети на процесот на скрининг, кој несомнено ќе ги забрза реформите. Реформите на долг рок ќе значат бенефити за граѓаните. Мотивирани сме и тоа е добар знак дека ќе го завршиме скринингот онака како што и е планиран со Европската комисија, рече Маричиќ на состанокот.

Вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, на состанокот посочи дека почетокот на преговорите даваат нов правец во развојот на Северна Македонија и дека сега е важно сите да се максимално посветени на овој процес, кој ќе ги забрза реформите и ќе ја трансформира државата на подобро.

Матуела додаде дека очигледен е и јасен ентузијазмот кај македонските тимови на скрининг состаноците и изрази верување дека тоа ќе продолжи да биди така и за време на билатералните скрининг состаноци, потенцирајќи дека заеднички ќе работиме, за сите препораки и совети од Европската комисија да ги искористиме правилно, во насока на побрзо и полесно исполнување на нашите задачи за членство во Унијата.

На средбата вицепремиерот Маричиќ ги брифираше претставниците на Европската комисија за преговарачката структура, напоменувајќи дека се прават последните консултации со сите општествени чинители и дека се бараат најдобрите, експерти во својата област, за да се комплетираат тимовите за преговори пред почетокот на билатералните скрининзи.

Утре продолжува скрининг состанокот за поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност, кој ќе трае два дена, а веќе наредната недела продолжуваат состаноците со многу важно поглавје 23 – Правосудство и темелни права.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска