Маричиќ: Имаме изјави од Пендиков како не сака да чуе за Бугарија и дека само ВМРО-ДПМНЕ го интересира

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ попладнево на седница за пратенички прашања во Собранието кажа дека државата во моментот кога се случи инцидентот со Кристијан Пендиков од Охрид изреагирала како што доликува на современа и демократска држава, а институциите дејствувале многу ефикасно изминатиот период.

-Правната постапка веќе е во одмината фаза, упасени се и двајцата сторители на овој случај, едниот Илија Спасески со бугарски пасош на кого му е одземен бугарскиот пасош, и така е пуштен после триесетдневниот притвор, вчера се предаде и лицето Б.А. од Битола, толку е објавено во јавноста, па толку можам да кажам, кое исто така е идентификувано како учесник во овој напад. Пред една недела ОЈО Охрид објави дека бара од Бугарија да се обезбеди можноста да биде испитан Пендиков за да може овој случај да се расчисти до крај и да ја видиме политичката позадина на целиот овој случај, рече Маричиќ.

Според него, „не треба да се занемари фактот дека Пендиков бил активист на ВМРО-ДПМНЕ“.

-Имаме слики од него и изјави кои ги давал за медиумите за време на вашите протести кога „ја спасувавте Македонија“ од нас или од власта во 2017 година. Имаме изјави од Пендиков како не сака да чуе за Бугарија и дека само ВМРО-ДПМНЕ го интересира. Мислам дека ќе биде интересно за јавноста на крајот да не испадне дека и напаѓачите се ваши активисти и членови, а и овој нападнатиов е во најмала рака ваш поранешен член. Треба јавноста да ја знае политичката позади на овој инцидент, но тоа ќе им припадне на институциите да утврдат кои се мотивите за овој напад, нагласи Маричиќ.

Ние на нашите граѓани, додаде тој, треба да им одговориме кој се обидува да внесе немир меѓу граѓаните.

-Како Влада секогаш жестоко сме се спротивставувале на сите видови бугарски провокации и порано и сега, истакна Маичиќ.

Би можело да ве интересира

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Орце Костов

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

Орце Костов

(ВИДЕО) Адвокатот на Илија Спасески го напушти судењето: Обвинителството заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин

Орце Костов