Повеќе од седум часа трае седницата на Советот на јавните обвинители за постапката за разрешување на шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева.
Пред Советот од утрово чекаат новинарски екипи. Претседателот на Советот Коле Штерјев, преку пораки претходно ги информира новинарите дека неизвесно е до кога ќе трае седницата.
Три часа во Советот беше и Вилма Русковска која одговарала на прашања на членовите во врска со постапка за разрешување на Јанева, а им го предочила записникот на Камчев и некои од друите докази во истрагата за случајот “Рекет”.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев, да излезе од притвор и да добие времен пасош во предметот “Империја”.