Мапа со закани од тероризам-Македонија во втората група

Од:

Британското министерство за надворешни работи објави мапа на Европа на која се земјите поделени во четири категории, во зависнот од тоа колкава опасност од тероризам им се заканува.

Меѓу најзагрозените држави се Германија, Франција, Турција, Белгија и Велика Британија, додека нема опасност во Исланд, Чешка, Унгарија, Сан Марино, Швајцарија.

На мапата со црвена боја се обележани териториите со висока терористичка закана и претставуваат омилени мети за напад.

Освен споменатите ризични држави, тука спаѓаат и Шпанија и Русија.

Државите со портокалова боја спаѓаат во групата во која постојат одредени терористички активности.
Тоа се Австрија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Кипар, Данска, Грција, Италија, Казахстан, Македонија, Холандија, Шведска и Украина.

Со жолта боја се означени државите во кои постои многу мал ризик од терористички активности, а тука спаѓаат Србија, Албанија, Белорусија, Бугарија, Хрватска, Финска, Грузија, Република Ирска, Луксембург, Монако, Црна Гора, Норвешка, Португалија, Романија и Словачка.

Со зелена боја се означени териториите каде не постои никаква закана од тероризам, а во оваа група се Андора, Ерменија, Чешка, Естонија, Унгарија, Исланд, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Малта, Молдавија, Полска, Сан Марино, Словенија и Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Политичари прекршувале закони за кинески инвестиции: Мапа со контроверзни проекти на Балканот

Орце Костов

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски