МАНУ: Лустрацијата да биде подредена на конвенцијата за човекови права

Од:

МАНУ во соопштение до медиумите наведува дека одлучно се спротивставува на секој обид на злоупотреба на процесот на лустрација за уривање на институциите на државата, на културните, образовните и други општествени институции и во тој контекст на положбата и улогата на Академијата како највисока научна и уметничка институција од посебен интерес за Република Македонија.

Како што се наведува во заклучоците од седницата на претседателството на МАНУ одржана вчера, Академијата е столб на македонската државност, македонската култура и националниот идентитет и на македонското мултикултурно општество, а нејзиниот научен и уметнички придонес е познат и признат во светски размери.

– Академијата смета дека заради доследно спроведување на начелото на владеење на правото како највисок државен интерес, постапката на лустрација треба во целост да биде подредена на правилата и стандардите предвидени со Европската конвенција за човекови права, која е дел од домашниот правен поредок и има супериорно значење во однос на законот, се  вели во соопштението од МАНУ.

За  првата половина на септември МАНУ најавува Собрание на кое ќе расправа за пошироките аспекти и последиците на досегашното спроведување на процесот на лустрација во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска