(ВИДЕО) Маноиловски: Дајте им на ВМРО-вците да гласаат и застанете зад нив

Од:

На продолжението на собраниската седница на која пратениците дебатираат за уставните измени, денеска од говорницата се обрати Бранко Маноиловски, пратеник од Демократската-унија за интеграција.

Тој повика државата да за стане зад секој пратеник на опозициската партија кој ќе ги поддржи промените.

„Секој ВМРО-вец кој ќе гласа „за“, државата да стои зад него. Да се амнестираат сите грешници до сега, поевтино е, затворските соби се скапи. Поевтино е да им помгнеме на ВМРО-ДПМНЕ слободно да гласаат и амнестија за сите луѓе кои згрешија. Размислете, златниот збор е пари“, истакна Маноиловски.

„Се мачите по сто километри на ден проаѓате и бидете практични, не оставајте да пројде така. Дајте им право на ВМРО да гласаат и стојте зад него“, порача тој.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански