Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел, пакет-мерките готови до крајот на годинава

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање делови од државната администрација во приватниот сектор во рамките на најавените реформи на државната администрација.

Министерот Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека преговорите со стопанските комори за трансфер на администрацијата кај приватниците сè уште се во тек.

„До крајот на годината ќе ги предложиме пакет-мерките за трансфер во приватниот сектор, а реформата на јавната администрација никогаш не реков дека ќе заврши во декември. Таа никогаш нема да заврши. Да, во моментот има имплементација на ИПА-проект финансиран од Европската комисија. Во моментот кога ќе имаме резултати, како што секогаш тоа сум го кажувал, ќе го презентираме во јавноста. Битно е овие анализи, овие бројки, да не си ги пишува министерот сам, туку, напротив, да биде во еден процес со вклучени меѓународни експерти, инклузивен и сите да бидат сигурни дека нема да се работи за политички отстрел зашто и тоа е битно да го знаеме. Ако сега јас земам да го напишам списокот сам, веднаш процесот пропаѓа, затоа замолувам да ги почекаме резултатите. ИПА-проектот го финансира Европската Унија, тотално е деполитизиран и заедно ќе ги разгледаме и бројките и предлог-мерките“, рече министерот Манчевски.

Според неговите најави, со реорганизацијата на државната администрацијата во некои делови можно е да се намали бројот на административци, не е исклучена можноста да се затворат некои институции, а некаде е можно да се зголеми бројот на државните службеници.

Манчевски денес го презентира законот за раководна служба, кој гарантира целосна професионализација на раководните позиции во 130 институции.

Законот предвидува да ѝ се даде предност на кандидатката доколку за една раководна позиција има повеќе кандидати со ист број поени во рамките на обидите да се зголеми бројот на жени на раководни позиции во државата. Законот помина на владина седница, а Манчевски смета дека е неопходен бидејќи досега не постоел единствен закон во кој се уредени правилата за именување и назначување лица на висока раководна служба.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Ќе се субвенционира зголемување на платите во приватниот сектор за износ од 3.000 до 10.000 денари

Горан Наумовски

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

Орце Костов