Манчевски на Светскиот мобилен конгрес во Барселона

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, присуствува на Светскиот мобилен конгрес, којшто се одржува од 25ти февруари до 1ви март во Барселона, Шпанија.

Во моментов, започна министерската агенда на којашто учествуваат министри и високи функционери, каде министерот Манчевски ќе има прилика со колеги од другите држави во Европа и светот, да разменат искуства во делот на дигитализацијата.

Министерот Манчевски, за време на посетата на конгресот, ќе оствари повеќе средби со компании со кои ќе разговара за можноста за трет мобилен оператор во Македонија. Владата и Министерството за информатичко општество и администрација, во моментов работат на подобрување и создавање на условите за компаниите да имаат интерес да инвестираат во Македонија.

Со законски измени во Законот за енергетика, се овозможува користење на државната мрежна инфраструктура за приватни компании. Во моментов за прв пат државата ги мапира постоечките ресурси, што ќе овозможи да се има јасна слика за моменталната состојба. Целта е граѓаните да добијат поквалитетни и поевтини услуги.

Исто така, МИОА подготвува Национален оперативен план за широкопојасен интернет. Ова е еден од предусловите за зголемување на бројот на е-услуги што се предвидува да се реализира во текот на оваа година. По мапирањето на белите зони, ќе се инвестира во сите региони од државата каде има потреба од тоа.

Конгресот во Барселона, министерот Мачевски ќе го искористи и за најава на Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан, којшто како дел од Берлинскиот процес ќе се одржи на 18ти и 19ти април во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Воз усмрти четири лица во Барселона

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он