Манчевски: Горан Трајковски се обидува да го скрие криминалот во Избирачкиот список

Од:

Бандата на Никола Груевски, Сашо Мијалков и Зоран Ставревски по секоја цена се обидува да го сокрие криминалот кој е направен со Избирачкиот список па затоа Дирекцијата за заштита на личните податоци со која директорува Горан Трајковски поранешниот директор на УЈП вчера испрати решение со кое практично забранува објавување на Избирачкиот список, рече на денешната прескоференција Дамјан Манчевска.

СДСМ бара Државната изборна комисија да не постапува по ова барање на Дирекцијата според кое гласачите во Избирачкиот список може да се пребаруваат само со име, презиме и матичен број, а да не може да пребаруваат и според адреса.

– Со ова решение Дирекцијата за заштита на лични податоци најдиректно го крши Изборниот законик во кој стои дека ДИК го објавува Избирачкиот список на својата интернет страница со следните податоци име, презиме и адреса на избирачите – рече Манчевски.

Кратко кажано, додава тој, „Горан Трајковски по панична нарачка на бандата на Никола Груевски Мијалков и Ставрески одеднаш се разбуди од кома.“

-Трајковски по налог на бандата на Груевски, Мијалков и Ставревски се обидува да го скрие криминалот во Избирачкиот список. Со ова решение на Дирекцијата граѓаните повеќе нема да имаат увид во Избирачкиот список и нема да може да пријавуваат неправилности. Со ова решение се потврдува дека најголем страв на Никола Груевски се фер и демократски избори – порача потпретседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски