Манчевски-Герберих: Продолжување на успешната соработка и конкретни заеднички активности

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се сретна со германскиот амбасадор Томас Герберих, со кого разговарале за стратегијата за реформи во јавната администрација.

Амбасадорот Герберих ги поздравил реформите на кои работи Владата на Република Македонија и министерството за информатичко општество, а од особено значење ја посочил и отвореноста на Владата за комуникација и соработка.

Министерот Манчевски, како што информираат од неговиот кабинет, ги претставил проектите на кои работи министерството и процесот на подготовка за Стратегијата за реформи во јавната администрација и функционалната анализа, што ќе резултира со реорганизација на администрацијата.

– Дигитализацијата е главна алатка за реформи во јавната администрација. Во тој контекст работиме на Регистарот на население и зголемување на бројот на е-сервиси, односно услуги што граѓаните ќе ги добиваат по електронски пат, изјавил министерот Манчевски.

На средбата, се вели во соопштението, било разговарано и за подготовката на Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за АВМУ, процес каде се вклучени сите засегнати страни.

На средбата Манчевски и Герберих изразиле согласност МИОА и Германската амбасада да продолжат со успешната соработка, а во наредниот период да бидат дефинирани и конкретни заеднички активности.

Би можело да ве интересира

Геберих: Македонските работници треба да имаат признаена квалификација и понуда од работодавач доколку сакаат да работат во Германија

А1он

Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите за непотизам

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

ВИДЕО: МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Манчевски: Ќе се бираат заменици директори само на 12 претпријатија формирани од Владата

Наум Локоски