Манчевски-Габриел: Македонија да се приклучи на иницијативата за 5Г прекуграничен коридор за автопатишта

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на фондот за иновации и технолошки развој Јово Деспотовски, денеска остварија работна средба со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел.

Средбата се оствари во рамки на Startup Summit 2018, што денеска се одржува во Софија, Р. Бугарија, а се разговараше за повеќе теми од областа на дигитализацијата на Македонија и за соработката помеѓу државите од Западен Балкан.

Министерот Манчевски ја претстави идејата и подготвеноста на Македонија да се приклучи кон иницијативата 5Г прекуграничен коридор за автопатишта, што претходно беше потпишан од страна на Србија, Бугарија и Грција. Еврокомесарката Габриел ја поддржа спремноста на Македонија и понуди целосна помош од Европската Комисија за реализација на оваа идеја.

Манчевски и Деспотовски го претставија концептот на научно-технолошкиот парк што е во финална фаза на подготовка, а еврокомесарката Габриел изрази заинтересираност на почетокот на следната година да го посети и на тој начин да го поддржи концептот на технолошкиот парк.

Еврокомесарката Мариа Габриел, ја повтори важноста од приклучување на Р. Албанија и Р. Косово, кон договорот потпишан помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, за намалување на цените во роаминг, што понатаму би прераснало во целосно укинување на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан до 2021-ва година.

Би можело да ве интересира

Деспотовски бара- кандидатите да потпишат ако не бидат избрани, да не можат да имаат друга партиска функција

Предраг Петровиќ

Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите за непотизам

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

ВИДЕО: МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Манчевски: Ќе се бираат заменици директори само на 12 претпријатија формирани од Владата

Наум Локоски