Манчевски: Акцијата на МВР е политичка, а не правна

Од:

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ денеска изјави дека хајката, како што рече, која МВР ја започна против претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ покажува дека е политичка и одмаздничка, а не правна акција.

– Срамота е да се тврди дека Шиповиќ е во бегство, кога и советниците од ДПМНЕ од Центар знаат дека тој е повеќе од 3 недели во странство заради здравствени причини на член на неговото најтесно семејство. По се изгледа, ова е уште еден обид на власта да ја блокира општината Центар и да ја погази волјата на нејзините граѓани, изјави Манчевски.

Според него, „МВР продолжува да ја крши уставната и законска гаранција за пресумпција на невиност со голема медиумска злоупотреба“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар