Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Од:

Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица.По Апасиев, Крмов, Мојсоска, Мециновиќ, и Реџеп Исмаил брцнал во медот на Левица, инкасирајќи близу 300 илјади денари, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Врз кој основ Исмаил подигнал слични цифра на суми, изминативе години? Повторно поставуваме прашање во јавноста, дали можеби и Исмаил е сметководител во Левица? И секако, ако и тој е сметководител, дали знае дека тоа е противзаконски? Или за раководството на Левица тоа не важи? Не е проблемот доколку Левичарите од Али Експрес земаат средства од нивната партија, проблемот е што се лицемерни, дволични и шарлатани. Проблемот е што додека ги напаѓаат нивните колеги во Собранието за патни трошоци, тие ја цицаат својата партија зад завесите. Проблемот е што глумат скромни, а купија недвижен имот во договор со извршител по 3 пати пониска цена. Левичарите од Али Експрес се прочитани, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски