Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

Од:

Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува. Левица и Мојсоска кои проповедаат чесност и скромност, имаат две лица, едно пред камери и едно зад камери, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Она пред камери е лажното, каде што се претставуваат како чесни, скромни, неподмитливи, луѓе на народот, а она вистинското лице си го покажаа зад камерите, кога цело раководство на президиумот на Левица инкасирало средства налик на патни трошоци, од сопствената партиска трансакциска сметка. Според она што го имаме добиено од свиркачи од Левица, Мојсоска си го покажа вистинското лице. Имено, на ден 26.04.2024 земала 123.000 денари, на 03.02.2023 земала 96.862 денари, додека само оваа година, додека Мојсоска е пратеник, во месеците јуни и јули, земала на 3 пати по 54.000 денари, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?