Манасиевски: Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед

Од:

Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи.Го прашуваме Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед, рече на прес конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали станува збор за највисоки државни тајни, и како и зошто истиот тој ги чувал во својот дом? Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени. СДС да каже дали изнесувањето на клааифицирани информации од институциите со кои управувале е партиска пракса и насока? И СДС и Фатмир Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на документи станува збор. А граѓаните дали со кражбата на тие документи е загрозена Македонија. СДС и Фатмир Битиќи мора да им кажат на граѓаните дали Македонија е загрозена со кражбата на документи кои Фатмир Битиќи не смеел да ги чува во свој посед? Воедно го повикуваме ЈО да поведе постапка против Битиќи. Одговорност мора да има, вели Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости

А1он

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски