МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите на МРТ и на АВМУ преку постоечкиот закон

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) не е изненадена од обидот на власта за партиска контрола врз медиумите во Македонија и со загриженост го следи процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, инициран од група пратеници од власта. Во овој предлог се бара изборот на членови на Програмскиот совет во МРТ и во Советот на АВМУ во Собранието на РСМ да биде со 61 пратеник, односно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, наместо со двотретинско мнозинство, како што е тоа уредено со постоечката регулатива – велат од МАН во соопштение.

-Дека власта сака целосна партизација на МРТВ и АВМУ покажува и фактот дека крајно нетранспарентно, без одлука на Собранието, владеачките пратеници самостојно одлучија да го поништат претходниот конкурс за избор на членови на Советите на МРТВ и АВМУ. Пред евентуално да се размислува за какви било промени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, неопходно е Собранието да ги избере новите членови во советите преку постоечкиот закон. Измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не е само желба за контрола врз МРТВ и Агенцијата за медиуми, туку обид за контрола врз сите медиуми во Македонија со просто мнозинство од 61 пратеник, бидејќи токму АВМУ е надлежна за контрола на нивното работење. Принцип е кога се менува закон со кој одлуки се носат со двотретинско мнозинство, и менувањето на тој закон да е со 2/3 мнозинство. Ако мнозинство со 61 одлучува за сите медиуми во државава тоа е партиска одлука од интерес за само една политичка страна, а тоа е страната на власта. Медиумите припаѓаат на јавноста, на сите, и затоа досега, а треба и во иднина, решенијата за регулација на медиумите да бидат со што е можно поширока поддршка, со 2/3 мнозинство гласови во Собранието – стои во соопштението од МАН.

Би можело да ве интересира

МТВ проверува упад во системот, реакција откако вчера немаше Дневник во центрлните термини

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми