Малолетник возел мотор и удрил жена пешак во Скопје

Од:

Малолетник управувал мотор на Водњанска во Скопје и удрил во 60 годишна жена пешак. Жената се здобил со тешки телесни повреди.

„ На 03.06.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница.“ велат од МВР.

На местото извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Возило удри во пешак, возачот е во бегство

Шестооделенец со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

Се преврте багер, загина малолетник

А1он

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Автомобил тешко повреди пешак во Скопје

Пешак е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље