Во сообраќајка тешко повреден е малолетник во близина на Крива Паланка

Од:

Малолетник беше повреден на магистралниот пат А2, обиколница кај Крива Паланка. Пуштен е сообраќајот на овој патен правец, Куманово,- Крива Паланка – граничен премин Деве Баир што кратко беше затворен во двата правци.

– Денеска околу 13 часот и 30 минути во Одделение за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека кај м.в. Виолетов мост, на обиколницата околу Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде патничко моторно возило “тојота” управувано од М.Т. удрило во малолетно дете. Увидот е во тек, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Увидот на екипите на Министерството за внатрешни работи сѐ уште трае.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски