Малолетник со нерегистриран мотор згазил жена пешак во Прилеп – починала на место

Од:

Малолетник без дозвола управувал мотор кој не бил ниту регистриран и предизвикал сообраќајна несреќа во Прилеп. Удрил во 68 годишна жена пешак која починала од повредите.

„ На 28.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот. “ велат од МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Петровец се скарал со најблиските и избегал, по него трага полицијата

Двајца малолетници се повредени – возеле мотор без дозвола

Анита Петровска Рајковиќ

Малолетно девојче возело нерегистриран трактор – тешко повредила пешак

Малолетник со мотор прегазил 81-годишен пешак во Битола

Анита Петровска Рајковиќ

Повредени малолетничка и жена – Прегазени пешаци во Скопје и Куманово

Малолетник возел мотор и удрил жена пешак во Скопје